Параглајдинг и змајарство во Крушево 2018

Змајар над Крушево 2018

Ова лето 2018 е при крај. Имавме задоволство да работиме со пилоти од областа на параглајдинг и змајарство од секое ќоше на светот. Крушево е сега светла точка на светската мапа за овие две активности. Тоа е директен резултат на долгогодишна напорна и чесна работа. Заслуги за целиот тим на Хотел Монтана, организаторите на овие настани и официјалните лица на Општина Крушево.

Добредојдовте во Хотел Монтана

Pub Summer Terrace

Добредојдовте на нашата нова веб страна. Ја дизајниравме на тој начин да може најдобро да го рефлектира нашиот хотел и нашите напори да ви овозможиме пријатно искуство во Хотелот Монтана.

Малото црвено Фичо

Krusevo Oldtimer Fico

Добар пријател на Хотел Монтана не посетува со еден сладок, мал, црвен автомобил. Кога доага возејќи се во својот стар-нов автомобил, нема гостин во хотелот чие внимание не го привлекува. Многу од нашите гости пробале да го изнајмат за еден ден, но бидејќи сопственикот со душа го има реновирано автомобилот, не ни помислува да го изнајми за било каква цена. 

Илинденски коктел за нашиот Претседател

Buffet Table

Летото е на самиот врв. На тој врв доаѓа нашиот најголем празник Илинден. Оваа година имавме шанса да се покажеме во најдобро светло и да припремиме Илинденски коктел за нашиот Претседател. Овој празник е исто толку важен за државата колку што е важен за религиските институции. Одбележува неколку обиди за креирање на држава за Македонскиот народ. Првиот таков обид бил во 1903 година. Резултирал со првиот обид за демократија на Балканот. Била креирана држава со еднакви права за секој граѓанин.