Рестарт на трките во Крушево 2018

Racing Spoiler

Тркањето се враќа во Крушево. Оваа 2018 година ќе биде рестартот на овој настан. Целокупната организација на трката ќе трае два дена, а натпреварувачите ќе возат на некогаш традиционалната и атрактивна патека која се протега на патниот правец с. Острилци - Мечкин Камен, во должина од 7.2 км.

Оваа трка повторно се одржува во Крушево после пауза од 10 години. Главната трка ќе се одржи на 05.08.2018 во 11:00. Базата на организацијата е поставена на паркинг во близина на нашиот Хотел Монтана, со што ја поддржуваме трката на секој можен начин.